2win800x200

Евроамбасадорот Самуел Жбогар ги посети планинарите од Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“ кои на Копанки со сопствени средства и донации од граѓани го обновуваат планинарскиот дом на Пелистер што изгоре пред пет и пол години, а беше култно место за собирање на битолчани.

Жбогар ја погледна изложбата со постори што ја подготвија планинарите и ја прикачија за потпорите од објектот што се обновува. На тој начин евроамбасадорот го запознаа со историјата на Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“ и со акцијата за санација на домот што започна од јуни насловена какo „Копанки за сите и сите за Копанки“. Бидејќи на местото се изведуваат градежни работи, планинарите на високиот дипломат му дадоа шлем за главата и маичка со амблемот на друштвото, кои тој ги стави на себе. Со ракавици на рацете Жбогар се вклучи и во дел од градежните работи што се одвиваат на теран.

На Копанки денес е и Емануел Рембер директор на Францускиот институт кој во јуни учествуваше во патувањето со мазгга и магаре по врвиците на Македонскиот фронт, како и претставници од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.

Планинарското друштво потпомогнато од други љубители на планината и волонтери успеа да го расчисти местото каде изгоре домот, да постави врзни греди, столбови, да шелова, а за утре планираат да ја стават и првата бетонска плоча во старата сала.47

45

46

50

51

Општината има средства и можност за обнова на планинaрскиот дом Копанки во многу  краток период, но  условите мора да бидат прецизирани и во корист на сите граѓани, бидејќи овој дом треба да биде објект од јавен интерес, а финансирањето со јавни пари бара и регулирани односи.

Герила акција на ПСК ,,Пелистер“ утрово ги изненади и збуни битолчани. Пред изгрејсонце членови на клубот кој го градат планинарскиот дом „Копанки“ ги обележаа пешачките премени кои од Пелагонска 2 одат кон Центарот за култура во Битола и ОУ „Гоце Делчев“.

- По Шарената и Бела Револуција во Битола.  Белата боја е асоцијација на чистотата, солидарноста и добрата мисла. Со бела боја беа бојадисани невидливите пешачки премини пред ОУ ,Гоце Делчев" од членови на ПСК ,,Пелистер". Браво дечки!, пишуваат од планинарскиот клуб.

Во известувањето на нивната фејсбук страница, планинарите напишаа : „Поради опструкциите што ги трпиме при обновата на планинарскиот дом ‘Копанки’, спречени сме интензивно и секојдневно да работиме врз неговата санација. Затоа, дел од нашето време и од донираните пари, одлучивме да ги ставиме пак во служба на граѓаните, но овојпат во функција на безбедноста на нашите деца. Во пресрет на новата учебна година, одвојуваме дел од донираните средства и планираме да ги обележиме пешачките премини пред битолските училишта кои се во катастрофална состојба (дали само тие?!)“.

Членовите на ПСК Пелистер летово со сопствени сили, потпомогнати од други битилчани почнаа со обнова на изгорениот планинарски дом „Копанки“ на Пелистер.39753031 2075752786018451 1951442275250733056 n39846620 2075752792685117 5155593804845154304 n

(Фотографии од фејсбук страницата на ПСК „Пелистер“)

Оваа генерација на битолски планинари од ПСК „Пелистер“ и покрај тоа што поседуваат неспорен правен континуитет и целосна документација за имотот на клубот, не се сопственици во смисол на кој што некои го посакуваат, туку само негови чувари. Вистинските сопственици се генерациите пред нас, сегашните, но и идните генерации планинари и граѓаните на Битола. Ова е дел од соопштението што ПСК „Пелистер“ го испрати до медиумите по вревата што се крена во јавноста околу обновата и приватизацијата на домот. Имено, пред три недели клубот започна со работна акција за обнова на домот, а Општината соопшти дека ќе обезбедат 100 000 евра за „Копанки“ но доколку им се даде сопственоста зашто не можат да вложуваат во туѓ имот. Потоа се појавија други здруженија и поединци кои побараа ревизија на приватизацијата на „Копанки“.

Страница 2 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани