2win800x200

Соња Николовска, позната по аферите со ТАТ, додека одлежува затворска казна во затворот „Идризово“ напиша поезија, објави мкд.мк. Во неа пишува за љубовта, за хуманоста, за пријателството, за скромноста, за тагата и зборува во име на жените осуденички. Воедно, пишува дека во најголемиот затвор тие не се запоставени, туку тешко е да ја најдат силата во самите нив и победник е само оној кој е издржлив и трпелив.

 На 3,5 години затворска казна е осудена поранешната сопственичка на пропаднатата штедилница ТАТ, Соња Николовска  за продолжено кривично дело „измама“, со пресуда на битолскиот Основен суд од март 2015, потврдена и од Апелациониот суд во Битола во септември истата година. Исто така, таа е задолжена да ги плати судските трошоци, како и да ги врати парите во вкупен износ од 565  илјади евра со камата на 4 лица кои ги измамила во 2005,2006 и 2007  година.

Познатата сопственичка на пропаднатата штедилница ТАТ од Битола, Соња Николовска,  деновиве повторно е во затвор. Таа е спрoведена во затворот Идризово на издржување затворска казна за измама на неколкумина битолчани од кои успеала да земе над 600 000 евра, објавува  порталот  dosie.com.mk 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани