2win800x200

Главоболки, покачен притисок, потешкотии во дишењето  на овие здравствени проблеми најчесто се жалат битолчани деновиве поради промената на температурите  и горештините, потврди за апла.мк д-р Васе Николовска лекар во Итната медицинска помош во Битола. Николовска вели дека како дежурна служба повиците од граѓаните доаѓаат  најчести во вечерните часови после 19 часот, и во текот на ноќта кога  имаат полни раце работа.

Битола во текот на ноќта и во раните утрински часови беше погодена од силен ветер од југоисточен правец со брзина од 54 километри на час. Засега нема информации за предизвикани штети, а метеоролозите најавуваат дека и во текот на денешниот ден во Пелагонија ќе дува ветер, исто така, со брзина од 54 километри на час.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани