2win800x200

Границите и политиката го делеле народот, а манастирот Свети Илија подигнат меѓу битолското село Драгош и леринското Опсирани (Етникон) го обединувал. Мештаните раскажуваат кога тука не минувале граници тој бил храм на двете села, а верниците заеднички го славеле Илинден. По Балканските војни се поставила граница која во прво време го пресекла манастирот на пола, за што сведочи и зачуваниот граничен камен.

Од почетокот на овој месец ограбени се неколку цркви и манастири во демирхисарско. Според СВР-Битола во периодот од 01-05 јули од страна на непознат сторил извршени се повеќе тешки кражби во цркви во селото Стругово, во манастирот „Свети Антониј“, во Прибилци, во црквата „Света Богородица“ . Во Суводол кражба имало и во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“,  во Стругово во црквата „Свети Атанас“и  во Слепче во црквата “Свети Никола“ ,при што направена е материјална штета во износ од околу 14 000 денари.

Се превземаат мерки за расчистување на настаните.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани