2win800x200

По повод 11 Октомври, вечерва со почеток во 18,30 во „Магаза“  во Битола, , во организација на Сојузот на борците ќе биде промовирана книгата „Битолска партизанска меморија“ од авторот Евгениј Литовски.

Битолскиот Завод и музеј, денеска ја промовираше книгата „Сликарството од црквата Усепене на Света Богородица во Велушина“, од авторот Ристо Палигора, што е всушност финализација на повеќедецениската активност, поврзана со проучувањето, истражувањата и конзерваторско- реставраторските зафати кои што се преземени во овој храм.

Претседателот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), академик Таки Фити, денеска беше промовиран во редовен член на Македонското научно друштво од Битола.

Универзитетската библиотека „Св. Клмент Охридски“ –Битола и Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола, денеска ги промовираа книгите „Стандарден македонски јазик“ од проф. д-р Виолета Јанушева и „Акадмеско пишување1“ од проф. д-р Виолета Јанушева и доц. д-р Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Националната Установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ -Битола и Мерсиха Исмајлоска, Ве покануваат на промоцијата на книга „Чудесните светови на Алиса“ во издание на Вермилион која ги обработува книгите „Алиса во земјата на чудата“ и „Алиса во светот на огледалото“ од Луис Карол и нивните интерпретации во визуелните уметности и воопшто во културата.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани