2win800x200

Директно

Херојството на партизаните од првиот битолски партизански одред „Пелистер“ кај Ореовата корија,  кога храбро загинаа седумина херои е опеано во народната песна „Таму ле мајко близу Битола“, но за жал песната веќе осум години не одѕвонува низ градот под Пелистер. По ритамот на оваа композиција порано отчукуваше битолскиот градски часовник. Но, во 2009 година со образложение на општината дека се репарира механизмот, дел од песните се изгубија што предизвика големи критики кај битолската јавност. Тогаш градоначалникот Владимир Талески  најави дека репарираниот механизам наскоро ќе има можност да изведува повеќе песни, но до денес остана да одѕвонува само „Битола мој роден крај“.  .

Почнуваме да градиме вистински вредности, а не ефемерни работи кои траат неколку дена, а потоа се забораваат. Вака новиот директор на битолскиот Завод и музеј, Александар Литовски, го најави новиот концепт на работа на битолскиот Завод и музеј, установата која е најповикана да го штити културното богатство во Битола. Доказ за неговата заложба на љубителите на културата да им ги врати вистински културни вредности се и новите музејски простори кои синоќа беа промовирани во присуство на министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

Откако Наташа Петровска, кандидат за градоначалник на СДСМ на прес конференција изјави дека во иднина родителите на учениците  нема да плаќаат од својот џеб за обезбедување на школите, деновиве директорите на дел од училиштата во градот, назначени уште од времето на ВМРО-ДПМНЕ, веќе побараа од родителите и годинава да платат за обезбедување на школите. Образложението е дела училиштата имаат долгови и парите не стигаат за да се ангажира Агенција која ќе го обезбедува училиштето, па мораат родителите да го преземат овој трошок врз свој грб.

Четворицата кандидати во трката за градоначалник на Битола на претстојните локални избори, како ретко кога се согласија на јавна дебата на Топ-тема на телевизија Телма. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски, кандидатката на СДСМ, Наташа Петровска, и независните кандидати Јорго Огненовски и Кирчо Ташков, цел час одговараа на прашањата на битолчани во малата сала на Центарот за култура во Битола.  

Сестрите Колевски, кои попладнево беа пренесени во битолската болница, вечерва повторно се вратени дома, откако одбиле лекарска помош.

Директорката на средното медицинско училиште, Јасмина Никиќ Десановска,  минатата недела, не стигна на судскиот процес за случајот "Транспортер" во скопскиот Основен суд, но на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, стигна навреме.

Владимир Талески,  заминува од градоначалничката фотеља, оставајќи ја поранешната касарна како големо градилиште наместо ветената урбана населба. Три асфалтирани улица, незатворени шахти, ископано – незавршено, земјени пристапи, кал и ѓубре, вака накусо може да се опише моментната слика во новата населба, која уште на самиот почеток доби холивудско име „Златен рид“.

ВМРО-ДПМНЕ , во Битола, разубедувало гласачи да не гласаат за кандидат за градоначaлник на 15 октомври. Членови на партијата од населбата Јени Mаале, велат дека лица од општинскиот комитет ги разубедувале дека големата излезност би одела на контото на СДСМ, и би значела победа во прв круг на Наташа Петровска.

Полцијата нема информации дека директорката на средното медицинско училиште во Битола, Јасмина Никиќ Десановска, која е обвинета во случајот„ Транспортер“ на СЈО, вчера имала сообраќајна незгода како што објавија некои медиуми.

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски, за време на чие директорување со јавното претпријатие „Водовод“ цената на водата беше поскапена за 115 проценти, денес не ни одговори конкретно дали ако стане градоначалник ќе ја поевтини водата.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани