2win800x200

„Екипите на зимската служба на Општина Битола, од утрово постојано се на терен. Во моментот расчистувањето се врши со 10 возила, а за досегашната интервенција искористени се 25 тони сол и 25 тони ризла, при што чистењето се врши по приоритет согласно усвоената програма од Советот на Општина Битола за организирање и функционирање на зимска служба на подрачјето на општината за сезоната 2021/2022 година, односно прво се чистат улиците од прв приоритет и критичните точки, а потоа се продолжува со континуирана работа на другите места.

Постојаните снежни врнежи дополнително го отежнуваат целосното расчистување, но според временската прогноза се очекува во текот на денот интензитетот на врнежи од снег да се намали, а вкупната снежна покривка да достигне 10 сантиметри, при што според состојбата на сообраќајниците ќе биде вклучена и дополнителна механизација за расчистување, како и нови количини на сол и ризла, согласно потребите“, соопштија од Општина Битола. 

--

Пациентот кој почина утрово на 32 годишна возраст од коронавирусот , првпат се јавил на преглед во битолската Болница на 17 јануари. иако бил во тешка сосотјба,  одбил хоспитализација. Примал терпаија во дневната болница на Инфективното оддление, но, на 18 јануари вечерта поради екстремно влошена здравстена сосотојба бил задржан на болничко лекување, информираат од Министерството за здравство.

Веднаш му била дадена соодветна терапија и кислородна поддршка, биле преземни реанимациони мерки, но починал денеска во утринските чаосви. 

Пацинетот не бил вакциниран, а имал заболување на црниот дроб и прекумерна тежина.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани