2win800x200

По вчерашниот демант на пресот на СДСМ што го испратија од  Општина Битола  дека за 2022 година е планирано да се набават возила во износ  од 3 милиони денари или 50 илјади евра,  а не како што тврди СДСМ од 13 милиони денари, денеска од локалната опозиција испратија реакција проследена со докумнет дека сепак со Буџетот за следната година се предвидени 13 милиони денари за набавка на  возила

„Ова е почитувани битолчани документ кој потврдува дека градоначалникот Тони Коњановски или не знае што има предвидено во Буџетот за 2022 година или ја лаже јавноста. За нови возила не се предвидени 3 милиони денари како што тврдат од општината, туку точно 10.494.252 денари. Плус ДДВ се доаѓа до сумa од околу 13 милиони денари. Затоа уште еднаш прашуваме колку и какви нови возила планира да набави Тони Коњановски со 13 милиони денари, односно со над 200.000 евра? Зошто во услови на здравствена, економска и енергетска криза приоритет на новиот градоначалник Тони Коњановски е купувањето на нови возила? Коњановски не дава пари за субвенции за клими, нема за катни гаражи, нема за велосипедски патеки, нема за ново училиште во Буковски ливади, ама има за нови возилаБараме градоначалникот Тони Коњановски да се откаже од набавката на новите возила во кои сака да ужива додека граѓаните мака мачат со секојдневни проблеми. Парите предвидени за нови возила Коњановски да ги пренамени за кошаркарскиот клуб или за проект за катна гаража или за документација за велосипедски патеки“ се наведува во рекацијата на СДСМ. 

 

 
На 12.07.2021 во 10.15 часот во СВР Битола, А.Х.(58) од Австралија пријавил дека во периодот од 23.02.2020 до 12.07.2021 од неговиот дом на ул.„Борис Бастеро“ од неговата гаража биле одземени патничките возила „порше кајман С“ и „БМВ“, двете со битолски регистарски ознаки.

Здружението на такси превозници во Битола до редакцијата на апла.мк испрати поплака за некултурното однесување на нашите сограѓани поради узурпацијата на паркингот за такси возила. Од Здружението се пожалија дека надлежните институции, односно сообраќајната полицијата и комуналната инспекција не им излегуваат во пресрет на овие нивни реакции.

Гранка натежната од снег падна врз две возила паркирани на улицата „Димитар Илиевски Мурато“ спроти зградите во Обител.

46388229 761372644220884 9154385567771787264 n

46410499 502563140263859 5959227845724078080 n

46435025 1878018172316913 4566445470041243648 n

 

Паркиран автомобил  пред битолската "Магаза", а неколку метри потаму камион натоварен со огревно дрво минува низ плоштадот  "Магнолија". 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани