2win800x200

Обука за професионален развој на наставниците и стручните соработници во ОУ „Славко Лумбарковски“ во Новаци, реализираше Здружението за професионален развој и демократија „Континиум“ од Битола.

Служителот Ј. Т. удрил ученик во Основното училиште „Коле Канински” во Битола, потврдија од битолската полиција. Инцидентот се случил во саботата, кога училиштето одработувало работен ден, и тоа при крајот на големиот одмор..

Јоргани, чаршафи, крпи, пижами и друга текстилна стока на големо биле распослани во ходникот на ОУ „Стив Наумов“ во Битола, пред очите на учениците, а купувале и разгледувале наставници. Ваква слика затекнале денеска околу 13 часот родители кога влегле во училиштето да си ги земат децата или да ги остават на часови. Според нивното кажување биле шокирани што дивиот пазар налик на оној на пазарџиите од Шутка се одвивал  во нивното училиште.

Искршени прозорци, дотраен паркет, изронета фасада, ѕидови и скали, немолерисани простории, напукнати тавани... Вака изгледа подрачното училиште „Тодор Ангелевски“ во битолската населба Горно Оризари. Фотографии од затекнатата состојба во школото на својот фејсбук профил објави новата директорка на ОУ„Тодор Ангелевски“, Љубица Стерјева. Сликите покажуваат дека на школото во Горно Оризари потребна му е итна реконструкција.

Ектереното тестирање се укина. На Кембричот му се ближи крајот. И дел од учебниците во иднина ќе се менуваат. Но, ќе треба многу време образованието да се врати во колосек. А последиците од спроведениот експеримент ќе бидат трајни кај некои ученици. Дури претходната власт сееше страв со екстерното, ги товареше наставниците со административни работи, ги казнуваше, заборави дека образованието постои заради учениците.

Страница 4 од 4

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани