Ноември 16, 2018

За Долно Агларци игралиште, а за Горно Агларци уредено катче за одмор и рекреација

Октомври 31, 2018

Со цел обезбедување на услови за спортско рекреативни активности на локалното население од село Долно Агларци посебно на младата популација, Општина Новаци изгради мултифункционално игралиште.Средства се обезбедени со грант од Светска банка и буџет на општина Новаци.


„Целта е посебно внимание да се посвети кон подобрување на условите на младите да можат во своето место на живеење да ги остварат своите спортско рекреативни активности“, велат од Општина Новаци.

Жителите на Горно Агларци пак, добија простор за одмор и рекреација партерно уреден. Средствата се обезбедени во договорот со Министерството за животна средина и просторно планирање од надоместокот за фосилни горива во износ од 408.000 денари.
„Во дослух со граѓаните, одговорајќи на нивните потреби и барања општината ги креира нејзините приоритети согласно со можностите“, велат од Општина Новаци.2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани