Ноември 13, 2018

Соопштение од ЈКП „Водовод“

Ве известуваме дека на ден 07.11. 2018 година (среда) од 09-14 часот поради реконструкција на водоводна мрежа,   работи на  регионален  цевковод од средна зона, ќе има прекин на  водоснабдувањето во населбите;  „Брусничка“, „Брусничко-Лавчанска“, високиот дел од „Буковска населба“ населба „Недопирливи“, „Ремо“ , „Бадембалари“ и „Смилевски Баир“ (горниот дел) Улиците;  „Довлеџик“ „Паца Мирчева“, „Тодор Паница“, „АРМ “, „Младински Бригади“, „Димче Лахчански“, „Ружа Делчева“ , „Лавчански пат“, „Анести Пановски“ „Игњат Атанасовски“ како и дел од „Партизанска“ (од Бадо маркет нагоре).

Инвентивен споменик кој потсетува на делови од системот на битолскиот  водовод, како и велосипедски паркинг се  поставени пред седиштето на ЈКП „Водовод“ во Битола. Битолски „Водовод“  прославива исклучително важен јубилеј  90 години од постоењето.

ЈКП„Водовод“ – Битола им соопштува на сите правни и физички лица корисници на услугите на ЈКП„Водовод“-Битола дека од понеделник  01.10.2018 година работното време ќе биде од 07:30 до 15:30 часот.

Дефектот на водоводната цевка во населбата Горно Оризари ќе се санира утре рано изутрина, бидејеќи екипите на ЈКП „Водовод“ -Битола во овој момент немаат пристап до местото каде водоводниот систем е оштетен. Од ЈКП „Водовод“-Битола им се извинуваат на жителите на оваа населба  со обврска утре уште рано наутро да започнат со санација на проблемот.

ЈКП „Водовод“ им дава  можност на граѓаните  кои имаат заостанат долг за вода и тоа по основ  на тужени и редовни сметки  да го платaт на рати без камата.

Временската рамка во која граѓаните ќе можат да си ги подмират долговите започна  денеска

(9 Мај) и ќе трае се до 31 Мај годинава.

 -Доколку должниците не се јават во наведениот временски период ќе бидиме принудени постоечките тужби да ги доставиме до надлежните извршители, а исто така за заостанате неплатени сметки ќе се  изготвуваат  нови тужби, соопштуваат  од ЈКП „Водовод“-Битола.

Раководниот тим  на ЈКП „Водовод“ Битола најавува дека и во иднина ќе се грижи за своите коминтенти, потрошувачи на вода, преку преземање на мерки  кои ќе бидат во интерес исклучиво на корисниците и граѓаните.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани