Јануари 23, 2019

И на Бадник е топ во Ски центaрот Нижеполе. Ски патеката и околните терени се полни со скијачи и други љубители на белите спортови и планината. Меѓу гостите има дечиња од неколку години кои за првпат застануваат на скии, до повозрасни гости кои искусно скијаат. На паркингот има и возила со скопски регистрации што укажува на тоа дека и скопјани скијат на Пелистер. Оние посетители кои не знаат да управуваат со скии, уживаат санкајќи се.

Битола и хидро системот Стрежево беа неговиот живот, раскажува за Апла.мк младиот адвокат Томе Делов за неговиот сега покоен дедо, по кого ги доби и името и презимето. Постариот Томе Делов, битолчани го паметат како еден од најкреативните директори на Јавното претпријатие „Стрежево“ кое го водеше во периодот од 1980 до 1997 година, творец на хидро системот- браната и вештачкото езеро.

Со свечена академија, што се одржа во Народниот театар во Битола, јавното претпријатие „Стрежево’ од Битола ја заокружи прославата по повод 40 години од формирањето на хидросистемот, еден од капиталните субјекти во Пелагонискиот регион со исклучително значење за водоснабдување на градот и околината и наводнување на земјоделските површини. Актуелниот директор Методија Гаматковски, во своето обраќање пред присутните, ја потенцираше важноста на „Стрежево“ за Битола и целиот регион.

Современ Центар за динамичка регулација и видео надзор врз сите објекти и зафати воведе ЈП „Стрежево“ на 40 роденден од постоењето на ова претпријатие. Со овој надзор претпријатието ќе има 24 часовен мониторинг и контрла врз сите објекти и зафати кои се во нивна надлежност, започнувајќи од зградата, стопанскиот двор, рибникот, зафатите, дури до најоддалечните точки кај грчка граница. На отворањето на Центарот кој е сместен во просториите на претпријатието, денес присуствуваа вработени, експерти од оваа област, директори, партеници и други гости.

Под мотото „Водата е живот“ јавното претпријатие „Стрежево“ од Битола в понеделник на 26 ноември, со повеќе активности  ќе ја одбележи 40 годишнината од основањето.

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани