Јануари 19, 2018

„Транспортер2“  е кодното име на новата истрага на Специјалното јавно обвинителство,  кое е продолжение на незаконските дејствија со превозот на ученици во Битола, обајви СЈО на прес конференција поладнево.  Истрагата се води против десет  осмничени лица, меѓу кои повторно е поранешниот градоначалник Владимир Талески, поранешниот секретар  на Општината, Слободан Бончановски, пет  превозници кои што се веќе опфатени во обвинението за предметот„ Транспортер“, а во оваа истрага вклучени се и тројца поранешни директори на  училишта кои не беа опфатени со претходниот предмет. 

Специјалното јавно обвинителство на својата веб-страница го обајви целиот воведен говор за случајот Транспортер што обвинителот Трајче Пеливанов го имaше на првото рочиште од главниот претрес во Кривичниот суд во Скопје, каде детално е образложен начинот на кој е извршено кривичното дело, со што буџетот на Општина Битола бил оштетен за над половина милион евра.

Поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, ќе седне на обвинителна клупа за негрижата за битолскиот Офицерски дом. Основното јавно обвинителство од Битола поднесе обвинение за Талески за кривично дело „несовесно работење во службата“ затоа што,  иако бил должен да обезбеди одржување, не презел се што е потребно за заштита на објектот кој е во надлежност на општина Битола. Од Основниот суд во Битола, за Апла.мк потврдуваат дека главната расправа за овој судски процес, која требаше да се одржи вчера е одложена по барање на одбраната на Талески.

Улицата „Широка“ на битолскиот Баир, повеќе од една година е раскопана, со искршен асфалт и ивичници, иако таа  е улицата со чие асфалтирање прво се пофали бившиот градоначалник Владимир Талески откако излезе од куќниот притвор, осомничен за криминал со бесплатниот школски  превоз тежок 360 000 евра.

На битолскиот екс градоначалник Владимир Талески веќе му течи стажот како да е актер, дознаваме од извори во театарот. Правната служба веќе го пријавила на старото работно место и се очекува дури да земи плата за последните денови од месец откомври откако е пријавен како вработен актер..

Страница 1 од 3

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани