2win800x200

Словенците ќе ја учат општинската администрација како повеќе да се користат европските пари

Јуни 25, 2018

Експерти од Словенија  ќе ја обучуваат   администрацијата во општина Битола како подобро да се користат средствата од европските фондови. Ова на денешната средба го договириле Амбасадорот на Република Словенија, Милан Јазбец и градоначалничката Наташа Петровска на средбата што се  одржа во Битола.

„На работниот состнок се разговараше за соработката која ќе следува во идниот период. Во тој контекст, беше ставен акцент на соработката во образованието, но и на прецизирањето на конкретни активности кои се однесуваат на зголемената соработка и едукативната поддршка на општината, во делот на искористувањето на европските фондови. Како резултат на досегашните средби, договорено е на 9 јули експерти од Словенија да одржат еднодневна обука, на тема. „Подготовка и реализација на проекти поддржани од Европските фондови“, информираат од Општина Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани