2win800x200

Опожарена нива со сено и слама сопственост на градоначалничката на Могила, Јасмина Гулевска

Август 06, 2018

Непознати сторители подметнале поажр во нива во атарот на Могила, при што опжарени се 1500 бали сено и слама во сопственост на семејството на градоначалничката Јасмина Гулевска. Настаот се случил ноќта саботата спроти неделата после полноќ, а Гулевска го потврди настанот.

 

Таа во соопштението испратено до медиумите вели дека сличен настан имало и по локалните избори лани, но тогаш била опшжарена слама во сопственост на општината.

 -На ден 05.08.2018 година во 01.00 часот после полноќ од непознати сторители со запаливо средство беше подметнат пожар при што запалена е слама во сопственост на фамилија Гулевски и предизвикана материјална штета. Претходно, по завршувањето на локалните избори минатата година во месец декември, беше подметнат пожар во кој што изгоре општинска слама која беше наменета за производство на пелети за огрев. И двата случаи се пријавени во Секторот за внатрешни работи од Битола, од кои очекуваме да ги пронајдат и санкционираат сторителите, вели Јасмина Гулевска, градоначалнчка на општин а Могила.

Натстанот го потврдија и од полицијата

-Во пожарот биле опожарени околу 1500 бали со сено и слама. На местото на настанот интервенирала Територијалната противпожарна единица Битола и пожарот бил локализиран. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, наведуваат од СВР Битола.  

Гулевска ги повика жителите на Могила да се воздржат од подгревање на тензии

-Како градоначалник на Општина Могила, ги повикувам граѓаните на смиреност и да се воздржат на подгревање на тензиите, за да не дојде до ескалација на ситуацијата.  Ние како локална власт се трудиме да изградиме едно општество без поделби и дискриминација по било каква основа. Ги повикувам граѓаните на Општина Могила, сплотени, сите заедно да ги продолжиме перспективите на нашата општина. Само преку единство може да напредуваме, и да имаме заеднички успех, вели градоначалничката на Могила, Јасмина Гулевска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани