2win800x200

Исти услови за студентите и средношколците на пракса во РЕК како и за вработените

Август 27, 2018

Со Меморандумите за соработка што денес ги потпишаа неколку образовани институции од Битола со АД ЕЛЕМ и РЕК „Битола“ во Комбинатот ќе се обезбедат исти услови за студентите и средношколците што доаѓаат на пракса какви што имаат и вработените, најави генералниот директор на РЕК, Васко Ковачевски. Меморандуми за соработка беа потпишани со Средното општинско техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“, Средното општинско училиште „Таки Даскало“ и Техничкиот факултет и Факултетот за информатички и комуникациски техологии од Битола.

 

„Со потпишувањето на меморандумот за соработка сакаме да ги поттикниме младите во Битола да се запишуваат на техничките науки, да ја градат својата иднина во Битола. Секако дека РЕК Битола ќе биде местото каде тие понатаму ќе ја оствруваат својата работа и ќе ги прехрануваат нивните семејства. Сакаме да поставиме нови принципи и методи на соработка со средните училишта и факултетите. Ќе им овозможиме услови на средношколците и студентите подеднакво исти со условите на вработените. Ќе биде обезбеден превоз, храна, лични заштитни средства“, најави директорот на РЕК, Васко Ковачевски.

На потпишувањето на Меморандумите присуствуваше и генералниот директор на ЕЛЕМ, Драган Миновски, кој рече со ова сакаат да им помогнат во образованието на младите кадри чија иднина ја гледаат во Македонија.

„Покрај теоретските и практичните знаење што ќе ги стекнат младите луѓе, наша цел е и да имаат увид како работи Комбинатот и да имаат можност понатаму да се приклучат во нашата работа. Целта е да воспоставиме блиска врска меѓу наставно-научните совети и РЕК Битола, се со цел да соработуваме во делот на помош, усовршување на младите кадри. Другата цел е да покажеме дека и ние како АД ЕЛЕМ се грижиме за младите луѓе, им подаваме рака и да им покажеме и да докажеме дека нивните иднина ја гледаме тука во Македонија, во РЕК и другите подружните на ЕЛЕМ“, рече Минивски.

Директорот на Техничкото училиште „Ѓорѓи Наумов“, Владимир Роме, изрази надеж дека со ваквите чекори ќе се зголеми интересот на учениците кон техничките науки. Но, укажа на пробелемот што се јавил со воведувањето на задолжителното средно образование со намалениот бројот на ученици во тригодишното образование, кое пак дава занаети од кои РЕК има потреба.

„Aпелирам да има одредени промени и соработка на стопанството со Министерството за образование и наука бидејќи задолжителното средно образование го намали бројот на ученици, а со тоа и на учениците кои во иднина би требало да работат во РЕК. Мораме да го зголемиме бројот на ученици, ние како Техничко училиште годинава имаме само девет ученици во тригодишното образование и 10 во четиригодишното енергетика што значи дека тоа е многу малку за град како Битола со гигант како РЕК до него“, рече директорот Роме.

Правејќи споредба со периодот од пред деценија и половија, рече „порано имавме секоја година по еден паралалка за тригодишни студии, односно 30 до 34 ученици исто така и во енергетика, а сега веќе прашање е дали можеме да формираме и една паралелка од истите занимања“.

Директоркста на СОУ „Таки Даскало“, Елизабета Наумовска, рече дека со потпишаните меморандуми ќе се олесни и соработката која досега се одвивала врз основа на посебни барања.

-СОУ„Таки Даскало“ во РЕК Битола гледа свој стратешки парнер веќе 20 години наназад откако постои рударската струка во училиштето. Праксата течеше со посебни барања. Ме радува што на ваков начин сега многу полесно и поканализирано ќе можеме да ги оствариме нашите меѓусебни врски, помош и соработка. Се надевам дека оваа соработка ќе биде проширена и со другите струки во нашето училиште градежно-геодетска, сообраќајна и други“, рече Наумовска.40143922 528305157640299 2024356792573624320 n40237178 2167396980185242 7749858470874054656 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани