2win800x200

“Операта на шумските животни” прикажана пред учениците на ОУ „Св. Климент Охридски“ Битола

Октомври 12, 2018

Во ОУ „Св. Климент Охридски“ Битола, се одржa детската, интерактивна, музичко-драмска претстава “Операта на шумските животни” во изведба на групата Триангл од Скопје.

Младински културен центар – Битола во соработка со ОУ “Св. Климент Охридски” Битола и со групата Триангл од Скопје го реализираат овој настан со цел:афирмација на оперската музичка култура во функција на запознавање и доближување на истата кај младата популација како и презентација на музичкото творештво со стилска и жанровска разновидност на еден поинаков, иновативен и интерактивен пристап на презентација. А целата беше и едукација и анимација на нова музичка публика – децата.  

Групата Триангл е неформална група од Скопје составена од професионални оперски пеачи, сценарист и режисер. Групата Триангл во период од 6 години од своето постоење има реализирано преку 730 проекти.

received 278975626157519

received 339758450105996

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани