Ноември 13, 2018

Пет основни училишта од Битола се закитија со „зелено знаме“ како дел од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“

Ноември 08, 2018
фото ОУ „Тодор Ангелевски“ фото ОУ „Тодор Ангелевски“

Зелено знаме добија основните  училишта од Битола, „Гоце Делчев“, „Коле Канински“, „Тодор Ангелевски“,„Св. Климент Охридски“ , Ѓорѓи Сугарев“ , додека ОУ„Даме Груев“-се здоби со статус бронзено ниво. Овие училишта учествуваа на објавениот Конкурс за наградување на градинки, основни и средни учлилишта вклучени во првата, втората и третата година од имплементацијата на програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“. Училиштата и градинките од државата кои ги задоволуваа предвидените критериуми и услови, се наградуваат со соодветниот статус за кој аплицирале на овогодинешниот конкурс.  

-Зелено знаме за ОУ„Гоце Делчев“-Битола. Честитки и благодарност до сите учесници во реализацијата на активностите од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“, вели  директорката на ОУ „Гоце Делчев“-Битола, Билјана Стојковска.

Директорката на ОУ „Тодор Ангелевски“, Љубица Стерјева“,смета дека „највисоката еко награда ја добиваме потврдено, ние сме вистински екологисти, честитки за координативниот училишен еко тим“.

Официјалното доделување на зелените знамиња и сертификатите за соодветниот статус традиционално ќе биде реализирано на седмиот по ред Еко-самит,за што дополнително ќе биде одреден терминот.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани