2win800x200

Телевизор за децата во Заводот „Кочо Рацин “ донираше Општина Битола

Декември 03, 2018

Штитениците во Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас “Кочо Рацин“ од Битола денеска се израдуваа со нов телевизор кој сите заедно ќе можат да го користат во занималната во која минуваат дел од слободното време. Донацијата е од Општина Битола по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби , 3 Декември, што  предизвика голема радост кај овие деца, а градоначалничката Наташа Петровска рече дека ова е најмалку што може да се направи за штитениците во Заводот

-По информациите кои ги добивме од Заводот, дека децата кои се згрижени во оваа установа немаат телевизор во занималната каде што поминуваат голем дел од слободното време и дека навистина им треба, без размислување одлучивме вака да го одбележиме овој ден и да им донираме телевизор. Да донесеме малу радост и среќа во нивните животи, да можат повеќе да се дружат во оваа просторија, да уживаат и да споделуваат заеднички моменти. Ова е најмалку што може Општина Битола да направи за нив, се надевам дека во иднина ќе имаме уште повеќе можност да дадеме придонес за подобрување и олеснување на нивните животи овде, во Заводот“, рече градоначалничката Наташа Петровска.

Во Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас „Кочо Рацин“ во Битола, единствена образовна институција од ваков вид во Република Македонија која постои речиси 70 години, има 70 деца од 3-17 години со посебен воспитно-рехабилитационен процес. Од нив, дел посетуваат дневна настава, а интернатско сместување имаат околу 30 деца со интелектуална попреченост, деца со оштетен слух, говор и вид и деца со комбинирани пречки во развојот.

„Оваа донација е на нашат голема радост, бидејќи во занималната во која што дечињата престојуваат во вечерните часови, нема телевизор. Благодарноста ја пренесувам од сите и им порачувам не само на институциите, туку и на сите граѓани во земјава, да се грижиме колку што можеме повеќе да им ги намалиме грижите на овие ученици, бидејќи тие тоа го заслужуваат. Сите заедно треба да бидеме една алка во создавањето на благосостојба во однос на духовното и телесното здравје на децата, да им подариме љубов и грижа, рече Валентина Стојкоска, директор на Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас „Кочо Рацин“ во Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани