2win800x200

Во Битола протест за чист воздух

Декември 06, 2018

Протест за чист воздух се одржа попладнево пред Општина Битола во организација на независната советника група Поинаку. Присутните на протестот побараа да се преземат мерки за намалување на аерозагадувањето и субвенционирана цена на струјата во Битола.

 

„Податоците велат дека во Битола бројот на заболени од белодробен карцином во моментот е 2,5 пати поголем од она на централно ниво. Бројот на заболени деца од малигни неоплазми е загрижувачки, додека концентрацијата на ПМ 10 честичките секој ден во Битола е над дозволеното ниво. Излеговме да го искажеме нашиот револт за она што и се случува на Битола. Воздухот нема политичка боја, а болестите не одбираат по партиска припадност. Битола полесно ќе дише само ако сме сите заедно единствени“, рече Грабриела Илиевска, советничка од Поинаку.47580236 354222215353874 5726988720532357120 n

Советникот Иван Чулакоски од Поинаку рече дека очекувале поголемо присуство на битолчани.

„Битола сака да диши. Битола мора да диши, време е Битола да престани да биди колатерална штета за цела Макдеонија. Нашето барање за субвенционирана струја е само прв и мал чекор од она што Битола треба реално да го добие. Затоа ја повикуваме Владата на РМ да ги слушне нашите барања и добро да размисли за секој нареден чекор што ќе го преземе за Битола“, рече советникот Чулакоски.

Од советничката група Поинаку рекоа дека вчера Советот го прифатил нивниот предлог да се побара од Владата да преземи активности за добивање на субвенционирана цена на струјата, а денес се пишманат. Запрашани зошто побарале Советот да бара од Владата субвенционира струја кога е потребно за тоа да се направи измена во Законот за енергетика, што е надлежност на Собранието, од Поинаку рекоа дека така постапиле зашто Министерството за животна средина е под директна надлежност на Владата на РМ.47448001 2242748869295622 8715405881094701056 n

Тие рекоа дека соработуваат со сите навладини организации и поединци кои се грижат за здравјето на битолчани. На протсетот немаше претставници на политички партии.47575868 774265976250940 4722466200087429120 n

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани