2win800x200

Пензионерите со новогодишни пакетчиња ги израдуваа дечињата со посебни потреби од Битола

Декември 25, 2018

Здружението на пензионери од Битола со новогодишни пакетчиња ги израдува децата со посебни потреби од Битола. Претставници од Здружението предводени од претседателот Томе Димитровски денес им подарија празнични пакетичња на  учениците од деветте специјални паралеки во Основното училиште „Ѓорги Сугарев“. Дечињата благодарни што пензионерите се сетија на нив, им подготвија културно-уметничка програма.

Хуманата мисија во која постарите донираа се помладите продолжи во Заводот за рехабититација на деца со оштетен слух,говор и глас „Кочо Рацин“, каде исто така им го разубавија денот на штитениците подарувајќи им пакетчиња. Тие им возрастија со приредба. Истиот ден Здружението на пезнионери ги посети и дечињата од ЈЗУ Завод за рехабилитација слух говор и глас Битола, им подарија новогодишни пакетчиња и им посакаа среќа, радост и здравје во Новата 2019 година. 

3223

 

345454654

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани