2win800x200

Поларно утро во Битола со температура од минус 21 степен

Јануари 06, 2019

Најстуденото утро во Македонија денеска го имаа битолчани  со температура што се спушти до минус 21 степен.

Времето утрово е умерено до значително облачно и многу студено. Локално во северните и североисточните делови провејува снег.

Во текот на денот се очекува променливо облачно време. Локално, особено во северните делови, ќе има слаби врнежи од снег. Попладне во централните и јужните делови ќе има сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во источните делови засилен северозападен ветер.

Максималната температура ќе достигне од минус четири до четири степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со максимални дневни температури под или околу нулата. Утринските температури ќе бидат многу ниски, а најстудено се очекува да биде во вторник наутро кога речиси во целата земја температурата ќе се спушти под -10, а на повеќе места и под –15 степени. Нови пообилни врнежи од снег се очекуваат во среда.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани