Street gif

„Градски паркинзи“ ноќеска ги чистеше паркинзите од снегот

Јануари 09, 2019

„Градски паркинзи“, во текот на ноќта со маханизација ги чистеше паркинзите низ градот со кои стопанисува. Вчера апла.мк објави текст со реакции на битолчани и коментари на социјалните мрежи дека „Паркинзите низ градот се затрупани со снег, возилата нема каде да се остават, а  „Градски паркинзи“-ДООЕЛ - наплаќаат за паркирање.

По ова до нашата редакција од „Градски паркинзи“ испратија фотографии од синоќешната акција на чистење на паркинзите.

-„Градски паркинзи“-Битола во текот на изминатите денови активно се вклучени во отстранувањето на снегот од паркинг просторот со кој стопанисува .И покрај тоа што проблем при отстранувањето на снегот ни претставуваат паркираните возила , кои воопшто не се поместуваат, од наша страна секојденевно се организираат акции за отстранување на снегот од просторот којшто е предвиден за паркирање , а го стопанисува -„Градски паркинзи“-Битола. И во текот на следните денови  се додека има потреба ние ќе продолжиме со остранување на снегот и чистење на паркинг просторот, вели Иле Колчаковски, раководител на ДПН, -„Градски паркинзи“-Битола, и додава дека акцијата продолжува и денеска на улицата „Солунска“ каде со поддршка на полицијата се отстрануваат непрописно паркираните возила за да се исчистат паркинг местата.

До редакцијата на апла.мк битолчани реагираа дека по врнежите од снег, ниту еден паркинг простор со кој располага  “Градски паркинзи“ не е исчистен, иако тоа е нивна обврска. Ситуацијата се критикуваше и на социјалните мрежи.

 

2

-Ако одиме по тоа кој има корист од наплатата за паркинг, тоа се ДПН Паркинзи Битола и Општина Битола.
Така да, кој и да е, должни се да си го исчистат снегот!, пишуваа од Бесплатен паркинг во Битола.

Битолчанецот Драган Вељанов,  граѓански активист реагираше со коментар на фотографиите дека „срамота е за фирмата која управува со градските паркинзи и која за узурпацијата на цел град плаќа месечна смешна ќирија на градот од смешни 2.000 евра  да не направи една акција да го исчисти снегот од сите 1.551 паркинг место кое го управува. Треба тоа да биде нивна одговорност и лична и професионална, а не да ги тера некој тоа да го направат, пишува Вељанов.

3

 

4

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани