2win800x200

Направил сообраќајка и избегал, оставил тешко повредена битолчанка

Март 09, 2019

Битолчанка  се здобила со тешки скршеници по екстремитетите откако автомобил удрил во неа и воопшто не застанал туку избегал од местото на несреќата. Полицијата сега трага по него и се прибираат податоци од очевидици.

-На 08.03.2019 година во 08 часот во СВР-Битола било пријавено дека во Битола на крстосницата од улицата “Прилепска“ и улицата “Батаљон Стив Наумов“ непознато возило управувано од непознато лице удрило во пешак В.Б.(50) од Битола, по што го напуштил местото на настанот. В.Б. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани од страна на лекар од Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Битола и се работи на пронаоѓање на возачот и целосно расчистување на случајот, информираат од СВР-Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани