Webp.net gifmaker

За седум месеци по втор пат се бележат пешачките премини во Битола

Март 25, 2019

Повторно се бележат пешачките премини во Битола. Бележењето го прават неколку екипи на терен, најпрво во централното градско подрачје, особено на фреквентните улици, а потоа, ќе се продолжи и во останатиот дел од градот.

 

Општина Битола, согласно потпишаните договори со операторот за изведување на пешачките премини, побара од изведувачот на сите места, на кои што бојата од претходното бележење на хоризонталната сигнализација во градот не се задржа во потребниот рок, да го повтори бојадисувањето на сопствен трошок.

Со оглед на тоа дека во овој период во текот на ноќните и утринските часови ниските температури не дозволуваат сушење на бојата во одреден рок, обележувањето на хоризонталната сигнализација ќе мора да се изведува во текот на денот, кога температурите се повисоки. Оттука, Општина Битола испраќа апел до возачите да бидат трпеливи за време на одбележувањето на пешачките премини, или по можност во овај период почесто да користат градски превоз.

За седум месеци по втор пат се бележат премините во Битола.54727766 358329231691483 3176945127977385984 n

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани