2win800x200

Донесена одлука со паркинзите да управува јавно претпријатие, ВМРО-ДПМНЕ ја напушти седницата

Април 23, 2019

На денешната седница на Советот владеачкото мнозинство на СДСМ и коалицијата ја изгласа одлуката за формирање јавно претпријатие за паркинзи и организрање јавне превоз во Битола. Ова јавно претпријатие ќе го преземе управувањето со зонското паркирање, а на сегашниот концесионер договорот му завршува во јуни 2019 година.

Општинска комисија веќе врши увид во работат на „Градски паркинзи“, по што треба да се изврши и примопредавање.

-Донесовме одлука да гласаме, а побаравме поединечно гласање, по што ВМРО-ДПМНЕ ја напушти седницата, несакајќи да му сврти грб на приватникот кој досега ги „одржуваше“ паркинзите, но, повторно им свртија грб на битолчани, давајќи им поддршка на интересите на Груевски и Владимир Талески. За одлуката не гласаа ниту советниците од "Поинаку", едниот не беше присутен во салата, а другиот ја напушти седницата пред гласањето,   вели Борче Корлевски, советник од СДСМ.

Од ВМРО ДПМНЕ повтрдија дека ја напуштија седница, но, велат дека причината е тоа што мнозинството ја злоупотребува конструктивноста на опозицијата.

-Иницијативата за формирање на ова јавно претпријатие беше пред референдумот лани, а гласањето е сега меѓу два изборни круга, ова е евтин политички популизам, а нема одговор на нашите прашања дали граѓаните ќе добијат подобри услови, што ќе се случува со вработените итн, рече за апла.мк.  Иванчо Тошевски од ВМРО-ДПМНЕ

Зонското паркирање во Битола започна да се спроведува од јуни 2013 година, кога тогашниот градоначалник Владимир Талески потпиша  шестгодишен договор за јавно приватно партнерство со фирмата концесионер „Стентон Градба“, која имаше обврска годишно на општина Битола да и плаќа 28 илјади евра за 1951 паркинг место за зонско паркирање. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани