2win800x200

18 години од масакрот кај Вејце-Тешко е да го однесеш детето и да му покажеш каде загина неговиот татко, вели бранителот Сашо Гилевски

Април 28, 2019

Во знак на сеќавање  на  масакрот кај тетовското село Вејце, кога во конфликтот во 2001 година на 28 април, свирепо, од заседа,  беа масакрирани осумина припадници на специјалните единици на МВР и АРМ, бранителот од Битола Сашо Гилевски на својот ФБ профил објави фотографија со деца на бранителите од Битола  од  местото на убиството на нивните татковци,  8 запалени свеќи и напиша

58461083 2295860290661512 8082693229150994432 n

„Тешко е после 18 години да го однесеше детето и да му покажеш каде загина неговиот татко, каде херојски го положи својот млад живот. Со некои работи мораш да живееш . Тие беа херои, а дали сакаа да бидат херои? Сакаа да бидат браќа, татковци, сакаа да гледаат деца како сите нас. Јас знам дека не можете да го смените минатото, ама бараме поправете ја грешаката што ни ја нанесовте сите овие 18 години. Борбата во 2001 година беше борба за нашите предци и живот за нашите деца, напиша Гилевски на ФБ.

58443573 391758788083749 6825061710357856256 n

Во чест на  четворицата битолчани кои ги положија животите во конфликтот во 2001 година,  Марјан Божиновски, Кире Костадиновски, Бошко Најдовски и Илче Стојановски, утрово  семејствата, колегите, претставници на локалната самоуправа, политичките партии положија свежо цвеќе и се поклонија пред споменикот кај полицијата и споменикот „Ангел“ кај  Саат кулата

MVI 1247.MOV.Still001

MVI 1261.MOV.Still001

-Тежок ден за битолчани, тежок ден за нас бранителите кои први стигнавме на местото и ги извлекуваме телата на нашите загинати колеги. Денес на овој голем празник, испраќам порака дека време е во Македонија да почне соживотот и да си подадеме рака, затоа што резервна татковина немаме. Оваа е татковина за која треба да се бориме со мир, љубов и соживот, а не со оружје в рака, а сите конфликти да се решаваат по мриен пат, изјави Гилевски денеска.

MVI 1249.MOV.Still001

MVI 1271.MOV.Still001

MVI 1270.MOV.Still001

MVI 1264.MOV.Still002

MVI 1264.MOV.Still003

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани