2win800x200

СО ФОРУМ ТЕАТАР МЛАДИТЕ ВО БИТОЛА ПРОГОВОРИЈА ЗА СВОИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ

Мај 01, 2019

Со Форум театар презентација насловена “Гласот на мојата генерација” група млади луѓе од Битола и Прилеп ги искажаа своите ставови и мислења по однос на различни предизвици со кои се соочуваат во своето секојдневие.

Презентацијата се реализира на 25 април во Паркот кај Саат кулата во Битола.

Преку Форум театар презентацијата беа претставени следните предизвици: неактивни и незаинтересирани млади луѓе да се вклучат во активности со кои би го дале својот придонес за заедницата во која живеат, проблемите на дискриминација и нетолеранција по различни основи и недостаток на спортски терени каде бесплатно може да се спортува, терени кои би биле достапни за младите со различна социјална позадина.

За време на презентацијата присутните гласно интервенираа давајќи алтернативни решенија на дадените проблеми, ги споделија своите мислења и ја збогатија презентацијата со свежа енергија која ни покажува дека младите луѓе без разлика на својата геогравска, етничка или социјална позадина треба и можат да интервенираат и да бараат решавање на предизвиците со кои секојдневно се соочуваат.

Презентацијата заврши со музичка изведба на композиција која ја подготвија самите учесници во процесот. Преку оваа композиција се испрати порака за активно вклучување на младите во процесите за надминување на негативните стереотипи, предрасудите и во процесите за градење на заедничко општество со подеднакви можности за сите.

Со овој настан започнуваме со одбележување и славење на Меѓународниот ден на џезот 30ти април и славејќи ја уметноста, ја истакнуваме неговата важна улога во охрабрувањето на дијалогот меѓу културите и цивилизациите, промовирајќи мир, меѓукултурен дијалог, почитување на различностите, почитување на човековите права и достоинство, промоција на слободата на изразување и родовата еднаквост.

На оваа презентација претходеше тримесечен циклус на креативни работилници креирани во насока да поттикнат креативно и критичко рамислување кај учесниците со користење на Форум театар и Џез музика како алатки.

Проектот го имплементораат МИДС Битола во партнерство со Државното музичко училиште Битола.

Проектот Јас сум гласот на мојата генерација е поддржан од ЕУ во рамките на проектот Поделено минато - заедничка иднина.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани