16 годишната Нона од Битола ја промовора својата нова книга „Аурора“

Мај 10, 2019

Денес се одржа првата промоција на книгата „Аурора“ на Ивона Марковска- Нона на Саемот на книгата во Скопје. Битолчанката Ивона ги потпиша книгите на заинтересираните читатели на штандот на „Култура“. Промоцијата за Битола е закажана за 22.05.2019 од 17:00 часот во Малата сала на Домот за Култура.

Книгата е достапна на Саемот на книга со саемски попуст, на официјалната веб страна и книжарниците на „Култура“.

Нона е ученичка во гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола. Љубовта кон пишувањето ја има од многу мала. Од осум години почнува да работи на „својата книга“, а на 14 години ја објавува првата книга „Пронаоѓање“ објавена во три тиражи. Член е на МКЦ-Битола. Има напишано многу текстови и поеми, колумни објавени во младински весници и текстови на портали.

За новата книга „Аурора“ рецензентот Моника Димитровска автор на „Жива меѓу мртвите“, пишува дека Аурора е животна приказна која ќе ве натера да гледате на животот на еден невообичаен, но, сепак, подобар начин. Ќе ве научи како да не се откажувате од тоа што го сакате без разлика колку и да изгледа недостижно. Светот нема потреба од кукавици. Такви ги има и повеќе од доволно. Но, светот има потреба од јунаци кои ќе веруваат во себе и во своите соништа. Јунаци кои ќе ги научат останатите како да бидат светлината во мракот, среќата во тагата, љубовта во омразата, добрината во злобата, како што и самата авторка пишува на крајот.И најважно од сè, како секој да биде херој на својата приказна.59855975 714341878994388 7012904858122452992 n

Од издавачката куќа „Култура“ за книгата велат дека љубовта е единствената нишка која може да поврзе различни светови, да ги излекува сите срца и да победи сè! Низ перото на, само шеснаесет годишната, Нона ги допираме најдалечните констелации на емоциите, кои на ваков начин може да ги преточи само едно искрено срце.

Додека пак, Милана Митовска, автор на делото„Јас ќе бидам поет, а ти моја ПОЕСИА“ за „Аурора“ вели дека е неверојатна фикција измешана со трагови од реалноста, успевајќи да биде супериорна забава, но и приказ на вистинскиот живот на денешната младина.59921529 290400901910935 5160873758465982464 n

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани