2win800x200

Образованието на крстопат, меѓународна конференција во Битола

Ноември 10, 2017

Македонија во моментов се наоаѓа на пресвртница во поглед на образованието, за која сите ние треба да дадеме свој придонес, рече Деан Илиев, потпретседател на Македонското научно друштво од Битола кое ја организираше меѓународната научна конференција „Образованието на крстопат“ во Битола.

 

-Присуствуваа повеќе од 300 учесници со импозантна бројка од 107 трудови на вкупно 159 автори и коавтори, а останатите се слушатели, експери, наставници на основни и средни училишта. Преку спојување на педагошката теорија со парксата ќе дадеме придонес за образованието кое во Македонија во моментов се наоѓа на пресвртница- рече Илиев.

На конференцијата присуствуваа институции кои образоваат наставници од целиот регион, почнувајќи од Учителскиот факултет во Беглград, Факултетот за образование на наставници во Загреб, Факултетот за образование на наставници во Марибор, Факултетот за образование на воспитувачи во Вршац, трите Педагошки факултети во Македонија и други.

-Државите од регионот се пред големи реформски процеси кога е во парашање образованието. Гледано од денешен аспект и поставеноста на училишните инфраструктурни проекти во Битола, слободно ќе кажеме дека образованието на крстопат било во повеќе прилики. И во 1851 година кога биле поставени темелите на училиштето каде што денес е ОУ„Гоце Делчев“  и во 1944 година кога токму од Битола за прпат почна наставата на македонски јазик во училиштето „Кирил и Медтодиј“ и во битолската гимназија  и во 1960 година кога се формира Македонското научно друштво во Битола- рече Марјан Танушевски, претседател на Македонското научно друштво од Битола.

Тој додаде дека од конференцијата ќе произлезат вредни документи, предлози и решенија кои ќе ги дистрибуираат до Министерствата за образование и наука во државите учеснички на научниот собир.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани