2win800x200

Владо Ѓорѓиевски нов директор на гимназијата „Таки Даскало“, ќе следуваат директорски промени и во други училишта

Септември 02, 2019

Владе Ѓоргиев е новиот ве-де директор на Средното општинско училиште „Таки Даскало“ во Битола. Ѓоргиев  е професор и доаѓа на местото на Елизабета Наумовска која од неодамна е назначена за заменик министер за образование во Владата на Република Северна Македонија. Покрај во Долната гимназија директорски смени  се најавуваат и во други средни школи.

-Се водат  разговори за замена на директорската позиција во Средното медицинско училиште во Битола, бидејќи актуелната директорка  се изјасни дека нема да продолжи со нејзиниот ангажман. Допрва ќе следуваат чекори кои ќе треба да ги утврдат ве де директорските мандати во средните училишта во директорски мандати а некаде и замена, изјави за Апла.мк градоначалничката на Битола Наташа Петровска. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани