Септември 19, 2019

Street gif

Асфалтиран и обележан паркингот кај „Јавор“

Септември 09, 2019

Паркингот кај „Јавор“ доби нов лик. За кусо време просторот е сосема обновен со нов асфалт  и соодветно обележан. Комплетното  санирање на паркинг просторот пред Стоковната куќа „Јавор“, со кој сега стопанисува Јавното претпријатие за паркинзи започна во петокот . Според директорот на ЈППЈЛП Зоран Дојчиновски на  паркингот комплетно е изгребана целата површина и заменета со  нова асфалтна маса со дебелина од 5 сантиметри. Дополнително овој паркинг простор е обележан согласно сообраќајниот проект кој го поседува претпријатието по што ќе следува  целосно осветлување.

парк 1

Во моментот со наплата функционираат паркиралиштата пред Спортската сала, Центарот за култура, старата Автобуска станица, а најдоцна до следниот понеделник ќе биде пуштен и зонскиот систем на отворено.

Во градот според студијата има 1987 паркинг места, но претходниот приватен конзерионер преброил 1551 место. Новото јавно претпријатие ќе направи нова нумерација за да се утврди точно ситуацијата.

парк 2

парк 4

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани