2win800x200

Професорката по солфеж Гордана Трајковска ја доби годишната награди на истакнати музички и балетски педагози

Септември 18, 2019

Професорка по солфеж во Државното музичко училиште во Битола, проф.Гордана Трајковска оваа година ја доби награда за повеќегодишно остварување во областа на музичката и балетска педагогија. Вака одлучи Комисијата за доделување на годишни награди на истакнати музички и балетски педагози по одржаниот состанок.

 Наградата се доделува за долгогодишната работа со ученици која резултирала со многубројни републички и меѓународни награди и признанија; Личната стручно-теоретска или уметничка дејност и значителното влијание врз развојот на музичкиот живот и професионални стандарди во нејзината матична средина и пошироко.

Со ученици по солфеж на Државни натпревари има освоено многу награди и тоа на:

  • Државен натпревар на музички и балетски педагози на Република Македонија;
  • Државен натпревар за млади музичари на Здружение на директори на музичките и балетски училишта ,,Хармоника-МБ”;
  • Државен натпревар на Здружение на музички и балетски педагози на ученици и студенти.
  • Меѓународен натпревар по солфеж во Белград.

Учествувала на повеќе семинари во својство на учесник и тоа од областа на образованието.

Била член на жири комисија на повеќе натпревари и музички фестивали како, Меѓународен натпревар Михајло Николовски, Државени натпревари во Р.Македонија

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани