2win800x200

Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола ќе го одбележи Европскиот ден на јазиците

Септември 25, 2019

Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола во соработка со   училиштето  за странски јазици „ Rosetta Stone“, Француската Алијанса Битола,  ОУ „Гоце Делчев“ – Битола и „Сумнал“ – здружение за развој на ромската заедница заеднички  ќе го одбележат  Европскиот ден на јазиците со повеќе содржини кои го илустрираат значење на учење на јазици, промовирање на толеранција и соживот и развивање на социјална инклузија на младата генерација.

Издавачката куќа Топер по  повод одбележувањето на Европскиот ден на јазиците ќе и донира на битолската библиотека над 100 најнови изданија на најмалите читатели кои ќе  бидат изложени во холот на библиотеката.

Настанот ќе се одржи на ден 26.09.2019 година (четврток) со почеток во 12 часот во просториите на Библиотеката.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани