2win800x200

Лозановска- власта ништо не направи со толку најавуваните електростатски филтри во РЕК Битола

Октомври 22, 2019

Приказната за грижата за заштитата на животната средина и електростатските филтри во РЕК Битола, се распадна, обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ во Битола со образложение дека јавната набавка за реконструкцијата на електростатските филтри е поништена.

-И денес можеме барем да констатираме, добро е почитувани граѓани, што за волја на вистината, не по многу долго време, но по многу направена штета на сите нивоа, конечно оваа неспособна, криминална и лицемерна власт си оди, деновите и месеците се избројани и заминуваат таму каде што припаѓаат.

Ние - ВМРО ДПМНЕ, сакаме во оваа прилика да Ве информираме дека оваа власт во заминување, распаѓајќи се по сите шавови, ништо не направи со толку најавуваните електростатски филтри во РЕК Битола, така што тие сега се само уште една незавршена работа од многуте, уште една лага и празно ветување на Заев и СДСМ, рече Олга Лозановска, советник на ВМРО-ДПМНЕ во битолскиот Совет.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани