2win800x200

Економското училиште се вклучи во два меѓународни проекти на Erazmus+ програмата

Ноември 07, 2019

Економското училиште  СОЕУ „Јане Сандански“ Битола од 01.09.2019 година е вклучено во Erazmus+ програмата со два поединечни проекти. Првиот се однесува на половата еднаквост и дигитално општество, а вториот планирање и креирање на интерактивни мапи од европското културно наследство, вели Александар Цветковски , директор на Економското училиште во Битола.

еко 1

еко 2-КА229 е проект за Gender Equality и Digital Citizenship којшто ќе биде реализиран во текот на две години односно ќе трае до 2021 година. Првата мобилност ќе биде реализирана во Isparta - Турција во периодот 25-29 ноeмври 2019 година каде што ќе бидат вклучени 4 ученици и 2-ца наставници. Во овај проект се вклучени земјите: Р.С.Македонија, Турција, Романија, Италија и Бугарија. Проектот се однесува на половата еднаквост и дигитално општество. Целта е да се согледаат различностите меѓу државите за половата еднаквост и да се развијат дигитални вештини. Опфатена е полова еднаквост во училиштето, градот Битола и Република Северна Македонија.

-Cultural Heritage and Ict е проект којшто ќе биде реализиран во текот на две години односно ќе трае до 2021 година. Во овој проект се вклучени следните држави: Романија, Турција, Р.С.Македонија и Литванија и Португалија. Целта на проектот е планирање и креирање на интерактивни мапи од европското културно наследство. Откривање на нови информатички технологии и алатки за подобрување на дигиталните вештини.Првата активност ќе се реализира од 25-29 ноември 2019 година во Анкара –Турција, каде што ќе бидат вклучени 4 –цa наставници.

еко

A.Б

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани