2win800x200

Од гасификација до улицата „Илинденска“, советниците дискутираа за развојните планови на Битола

Ноември 15, 2019

Локалното мнозинство и опозицијата денес расправаа за развојните планови на Општина Битола во периодот од 2020 до 2022 година. Опозицијата обвини дека едно од главните ветувања што било дадено уште во претходната развојна програма не е реализирано, а тоа е гасифиакција. Од власта им одговорија дека екипа од Општината посветено работи на реализацијата на тој прокет, но ќе го направат и Офицерскиот дом, трибината на Стадионот, како и реконструкција на улицата „Илинденска“.

 

„Каде е примарната мрежа која паралелно требаше да се изгради до септмеври 2019 година? Зошто се нула денари потрошени за тоа предизборно клучно ветување во локалните извори од 2017 година“, праша Никола Јанкуловски, советник од ПОДЕМ.

Координаторот на советниците од ВМРО-ДПМНЕ Иванчо Тошевски ја обвини власта дека ги пробива роковоите со изведбата на прокетите и праша до каде е изградбата на затворениот базен?

Менде Илиевски, координатор на советничката група на СДСМ и коалиционите партнери рече дека Општината си ја завршила домашната задача и дека ја испратиле потребната документација до Скопје, па сега на потег е Агенцијата за млади и спорт која треба да го распише тендерот за сите 14 базени во земјава. За гасификацијата рече дека ќе ја спроведат, а откако некои советници почнаа да се смеат, им рече дека така се смееле и за Офицерскиот дом кој ете сега се гради.

„Имаме развојна програма според која неколку капитални инвестиции ќе се случат во нашиот град, неколку витални објекти ќе заживеат и многу луѓе ќе видат благодет од нив. Тоа се реконструкција на улица Илинденска, најдолгата улица во нашиот град, повеќе од два километри. Жителите таму имаат доста проблеми со одводот, канализацијата. Целата потреба документација е завршена и чекаме на почетокот на идната градежна сезона оваа улица да зпочне да се реконструира. По десетина години ќе види асфалт зашто ВМРО-ДПМНЕ не стави ни една лопата земја на оваа улица“, рече Илиевски.

За Офицерскиот дом рече дека следната година ќе му го вратат сјајот, а за стадионот годинава се вложени над 60 милиони денари, за в година планирани се над 120 милиони денари со што очекуваат  тој да биде во завршна фаза.

Ж.З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани