Webp.net gifmaker

Бесплатен интернет кај Саат кулата и спортската сала во Битола

Декември 23, 2019

На две локации во Општина Битола, каде што има најголемо движење на граѓани и туристи, поставени се хот спотови за бесплатен безжичен интернет (Wi – Fi), информира денеска општина Битола. -Поставувањето на хот спотот кај Спортската сала „Боро Чурлевски“,  овозможува користење на бесплатен интернет во Градскиот парк, Ќумурното игралиште, се до паркингот кај Завод и Музеј, додека хот спотот поставен кај Градскиот часовник, овозможува бесплатен интернет до Плоштадот Магнолија, се до административната зградата на ЈП Стрежево, велат од Општината.
Инсталираната опрема за бесплатен интернет е резултат на договорот за донација, склучен помеѓу Друштвото за комуникациски услуги А1 Македонија ДООЕЛ Скопје и Општина Битола, со вкупна вредност од 369 000 денари.

79372405 2402245216707648 1693630085849939968 o

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани