2win800x200

Утре облачно со врнежи од дожд, а в недела и снег

Декември 08, 2017

Слаб југозападен ветар, зголемување на облачноста во текот на  оваа ноќ  и врнежи од дожд утре најавуваат метеоролозите.  Во Битола се очекува минимална температура од -2 степени, а максимална до 11 степени.

В недела ,   врнежите од  дожд ќе  преминат во врнежи од снег на повисоките места и планините  во западните делови од земјата, а  се очекува  границата на снежни врнежи  да се спушти  и до 500 м.н.в

Снежната покривка на планините ќе се зголеми, а помала снежна покривка може да се формира и на некои пониски места.

Во почетокот на наредната седмица ќе преовладува  променливо облачно и релативно топло време со умерен јужен ветар.

biometeo

И биометеото за утре е неповолно.

Рано наутро ќе има лоши биометеоролошки услови, а кај метеоропатите во попладневните часови можна е појава на главоболка, но и болки во колената, грбот и вратот. Во попладневните часови кај поголем број луѓе можна е општа слабост. Во вечерните часови болките кои се од ревматски карактер, но и оние кои се од артритични промени  ќе бидат поупорни. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани