Webp.net gifmaker

Бериќетен ЕУ проект-додека се реализраше се родија близнаци

Јануари 23, 2020

Брачниот пар Катерина и Воислав Вујиќ, членови на невладината организација ЦЕТ платформа, се дел од проектот „Европа на вашит праг“ кој веќе една година се реализира со европски пари, а има за цел да ги доближи европските вредности до граѓаните. На последната работилница што од денес се одржува во Битола дојдоа со своите неколкумесечни  близнаци, а на шега велат дека и тие  се дел од придобивките на проектот. Вкупно 11 градови и невладини организации се дел од овој меѓународен проект, а покрај општина Битола, учествува и општината - Вила Боа До Бишпо од Португалија.

-Преку проектот се обидовме да дознаеме зошто луѓето на цел континент, од Македонија, преку Португалија и Естонија не се чувствуваат Европејци и зошто зборуваат за Европа како нешто што е далеку и туѓо, но и кој е начинот на кој можеме да го разбудиме чувсвото на припадност на овој континент. Првата раработа која заедно со европските вредности оди кон тоа да минеме низ процесот на евроинтеграции побрзо и подобро, но и едноставно да ги развиеме нашите локални заедници. Зборуваме како тоа можат да го направат локланите заедници, а не државите. Овде во Битола го работиме крајот на проектот, а намерата е да видиме што направивме изминатата година , но исто така да видиме што можеме во иднина заедно да работиме, рече Воислав Вуиќ, ЦЕТ платформа, невладина организација учесник во проектот.

Од Општина Битола велат дека од резултатите на овој проект ќе произлезат нови проекти во кои ќе бидат вклучени и соседните држави.

-Со проектот градиме меѓунардони тимови на ниво на цела Европа кои понатаму ќе можат заеднички да ги уриваат бариерите, но и да реализираме следни заеднички проекти. Минатата година учествуваме на конкурсот, а Битола беше избрана заедно со 11 градови и невладини орагнизации од цела Европа. Организиравме 6 работилници , а завршната е во Битола. Од резултатаите од работилницата ќе произлезат следни активности, создавање меѓународен тум кој понатаму ќе учествува во нови проекти, рече Владимир Костурски, од Општина Битола

Е.М.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани