2win800x200

Претприемачки дух кај жените од руралните средини има, но не е доволно искористен, покажа истражувањето на „Зелена берза“

Јануари 31, 2020

 Проектот „Од рурална жена до успешен претприемач без стереотипи и дискриминација”,  што го реализира Здружението за едукација на земјоделци „Зелана Берза“  има за цел да се надминат стереотипите кои се однесуваат на дискриминацијата на жените, а тие да се издигнат на ниво на успешен претприемач.  

– Со проектот, подлабоко навлеговме во проблемите со кои што се соочува руралната жена, и во следните месеци ќе се обидеме да ги анимираме, да преземат нешто за да ги остварат нивните права, да се активира нивниот претприемнички дух – истакна Валентина Соколовска, претседателка на Здружението за едукација на земјоделци Зелена берза од Битола.

Проектот опфати истражување по пат на мини-интервјуа со жени-земјоделки кои одговараа на прашања преку кои се гледа на кое ниво е развиена свеста и дискриминацијата кај жената во земјоделието. На прашањето колкави се шансите на жените земјоделки да се остварат како претприемачи, тие одговорија дека тоа е на ниско ниво. На прашањето на кое ниво е развиена свеста за важноста на придонесот на жената, не само во домот, туку и во земјоделието, нивниот одговор беше дека и тука свеста е на многу ниско ниво – истакна на прес-конференција Биљана Ристевска, ангажирана во проектот.

Најчестите коментари на жените земјоделки биле дека шансите за да се остварат како претприемачи се мали, бидејќи немаат доволно финансиски средства, немаат време, не предводат во земјоделието. Тие во интервјуата уште и се пожалиле дека не е доволно развиена свеста за важноста на жената и нејзиниот придонес, и дека се уште е дискриминирана во однос на мажите. На прашањето, дали руралната жена посетува културни настани и има социјален живот, интервјуираните земјоделки одговориле дека немаат време, отсечени се и без превоз, повлечени се и не се дружат, немаат такво ниво на воспитување.

Истражувањето покажало дека само две жени земјоделки претприемачи имале успешна приказна, и рурални жени кои што здружени заеднички остваруваат некаква заедничка цел.

– Ова треба да биде поттик до сите рурални жени дека тие сепак можат да го остварат нивниот сон, само со поголема самоиницијативност, креативност и со поддршка во група и нивно здружување – нагласи Биљана Ристевска.

Во рамките на проектот од Здружението за едукација на земјоделци Зелена берза од Битола организираа и дебати за да ги слушнат размислувањата на претставниците на надлежните институции и претставници на здруженија. На една од дебатите, раководителот на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од Битола, Методија Илиевски посочи дека податоците покажуваат дека 40 проценти жената е вклучена директно или индиректно во земјоделското производство.

– Од околу 6.000 регистрирани земјоделски стопанства во Битола кои ја покриваат територијата на општините Битола, Новаци и Могила, 2.000 носители се жени. Министерството за земјоделство минатата година за првпат ја воведе мерката 115, а тоа е активно вклучување на  жената во земјоделието, а за неа имаа право да аплицираат само жените носители на земјоделското стопанство – нагласи Методија Илиевски, раководител на Подрачната единица на Министерството за земјоделство од Битола.

Претриемничкиот дух кај жените го има но не е доволно искористен. Членувањето во некоја организација е најчесто поврзано со промовирање и презентирање на традиционалната храна и култура , но се јавуваат и позитивни примери каде жената не е само претприемач на хартија туку и жена која и тоа како добро се снаоѓа во претпремачките води. Потребна и е поголема самодоверба за да може да излезат на површина нејзините вештини, реќе Павлина Јовановска, посочувајќи ги заклучоците  од спроведеното истражување на „Зелена берза“. 

Во истражувањето беа опфатени сите општини од Пелагонискиот регион

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани