2win800x200

Пензионерите од Битола мета на криминални групи, предупредува полицијата

Февруари 03, 2020

СВР Битола излезе со известување до граѓаните,  особено пензионерите дека во последниот период на подрачјето  на градот Битола оперираат криминални групи, кои што имаат добро осмислено сценарио за да ги измамат граѓаните и присвојат поголема против правна имотна корист. Криминалците ги користат приказните дека пример ваш близок предизвикал сообраќајна незгода со тешки последици и потребно е итно да му дадете поголема сума на пари на измамникот за да вашиот роднина не заврши во затвор.  

Поради ваквата состојба полицијата  советува проверка на веродостојноста на секоја информација на непознато лице кое ќе се обиде да презентира вакви или слични појави да се провери вистинитоста во целост.

 

Обезбедете го Вашиот паричник  

1.Внимавајте на својот паричник!(не го чувајте во задниот џеб) доколку дојде до кражба  

пријави во полиција!

 

Обезбедете ги Вашите дебитни и кредитни картички

1 Чувајте ги кредитните картички одвоено од парите. 

2 Не чувајте ПИН-КОД заедно со платежни(дебитни) или кредитни картички. 

3 Доколку Вашата картичка е украдена веднаш известете ја банката и полицијата.

 

ВНИМАНИЕ..!

Доколку го напуштате домот на подолг временски период,запознајте ги Вашите соседи,роднини или блиски пријатели за да внимаваат на Вашиот дом додека сте отсутни.

 

Препорака:.Јавете се на 192 доколку се случи кражба или ако забележите друг да врши кражба или измама.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани