Webp.net gifmaker

Советот го носи правилникот за субвенционирани инвертери во Битола

Февруари 06, 2020

На дневен ред на седницата на Советот  на Општина Битола денеска е правилникот за условите и критериумите според кој ќе се наодместуваат трошоците на домаќинствата за замена на печките на огревно дрво со инвертер клими. Исто така со овој правилник се утврдуваат и зоните на подрчајето на Битола кои ќе бидат опфатени со оваа мерка.

Со право на субвенционирање на инвертер клими ќе можат да се стекнат носители на домаќинства кои живеат на една од утврдените зони, кои користат огревно дрво и во изминатите 5 години не користеле средства од општинскиот или државниот буџет за инвертери или печки на пелети.

Општината ќе објави јавен повик во кој ќе бидат наведени сите критериуми.

Распределбата на средствата ќе се врши по принципот „прв дојден прв услужен“. За утврдување на постапката од јавниот повик ќе утврдува комисија составена од вработени во општинската админситарција и членови на Советот  на Општина Битола

zoni

Комисијата ќе изврши попис на печките на огревно дрво кај добитниицте на субвенции, ќе бидат ставени налепници и ќе бидат одземени од Општина Битола. Кај оние добитници на субвенции кај кои нема да се затекнат грејни тела на дрва или ќе одбијат да ги предаат, ќе го изгубат правото на субвенција.

Исто така, корисникот на субвенција ќе треба да достави изјава потпишана на нотар дека во наредните 5 години нема д аго демонтира клима уредот и нема да користи огревно дрво или друг вид нееколошко гориво за затоплување на станбениот простор каде ќе биде монтиран инвертерот. Во тој период од 5 години, Општина Битола ќе врши контрола кај корисниците на субвенции. 

Едно домаќинство ќе може да искористи субвенција од максимален износ од 62 илјади денари, а максимално ќе бидат субвенционирани 2250 домаќинсвта

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани