Webp.net gifmaker

Во Битола 32 лица под здравствен надзор, а 140 во самоизолација

Март 19, 2020

Во Битола има 32 лица со решенија за здравствен надзор, а 140 лица со наредба за самоизолација,информира техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев. Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, предвидено и казниво по чл. 206 ст.1 од КЗ на РМ, СВР Битола поднесе кривични пријави против пет лица, и тоа: Р.Р., П.Р, Е.Р, Б.Р, С.Р, сите од Битола. 

-Одделот за специјални полициски задачи даваше асистенција на СВР Скопје за контрола поради недозволено групирање и собирање граѓани за кои имаше информации дека се собираат во одделни подрачја и други градови за кои имаше информации дека не се почитува одлуката на Владата. Информирам дека уште во текот на денешниот ден секторите за внатрешни работи ќе бидат зајакнати со припадници на Единицата за брзо распоредување, со цел поефикасна контрола на мерките од Владата, рече Чулев.

Тој повика граѓаните да пријавуваат непочитување на мерките.

„Во однос на телефонската линија, информира дека во изминатите два дена евидентирани се вкупно 59 еленткронски пораки и 402 телефонски повика, а се прашува за регулирање на сообраќајот за товарни возила, функционирањето на граничните премини, како и за постапка за извлекување наши граѓани на друга држава. За повеќето од прашањата, ги повикувам совесните граѓани да ги користат 080000201 и имејл-адресата за да добијат целосни информации и да пријават непочитување на мерките за самоизолација или секое друго непостапување, како забраните за собири, функционирањето на угостителските објекти“, потенцира техничкиот министер.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани