2win800x200

Во Општина Новаци деноноќно се работи на проодност на патиштата по новиот снег

Април 02, 2020

Eкипи од ЈКП “Комунална Хигиена” од Новаци втор ден  се на терен и интензивно работат на расчистување на локалните улици и патишта на територијата на Општина Новаци .

И денеска се интензивираат активностите со цел до секое населено место да има проодни патишта.

-Со оглед на големите наноси од снег во некои населени места отежнато е расчистувањето и затоа апелираме за смиреност и разбирање. Расчистувањето на улиците и патиштата од вчерашниот ден продолжија и во текот на ноќта со цел поголема проодност . Екипите од комуналното претпријатие и трета смена беа активни на терен а и  денеска ја следат состојбата и ги преземаат сите неопходни мерки и активности. Правиме се граѓаните да имаа чисти и проодни регионални и локални патишта и улици како и пристапни пешачки патеки, за што деноноќно се работи на терен, вели  градоначалникот Љубе Кузманоски.

Од ЈКП „Комунална Хигиена“ велат дека екипите ангажирани на расчистување на патиштата се  на висина на задачата  и навремено се справуваат со новата ситуација по обилните врнежи од снег која ја зафатија територијата на општина Новаци .

нов 13

 нов 14

 

 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани