2win800x200

Граматковски-Стрежево ја започна сезоната за наводнување

Мај 19, 2020

Со зголемувањето на температурите во изминатата седмица и зголемувањето на потребите за вода од страна на земјоделците се отпочна со наводнување на земјоделските култури во Пелагонија.

-Главниот канал и главните цевководи се спремни за наводнување. Акумулацијата во подрачјето на дејствување е подготвена за навремено и квалитетно наводнување на земјоделските површини и се очекува успешна наводнителна сезона. Хидросистемот во моментот е со нормални количини вода односно ќе се обезбеди доволно вода за реализација на планот за наводнување за оваа година, вели директорот на ЈП Стрежево Менде Граматковски.

Пријавување за склучување на договори за испорачување на вода на заинтересираните земјоделци за предвидените земјоделски површини ќе започне од 20.05.2020 година во наплатниот центар во рамките на управната зграда на претпријатието и ќе трае до 01.07.2020 година (во временскиот период од 07-18 часот, секој работен ден).

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани