2win800x200

Антониа Цветаноска со првата награда на републичкиот литературен конкурс „Холокаустот низ призмата на детските очи“

Мај 27, 2020

 

Антониа Цветаноска, осмоодделенка во ОУ „Гоце Делчев“ – Битола, под менторство на наставничката по македонски јазик, Емилија Прчкова, добитник е на првата награда на републичкиот литературен конкурс „Холокаустот низ призмата на детските очи“. Конкурсот беше организиран од страна на Фондот на Холокаустот и Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија. Творбата на тема „Децата во Холокаустот“ беше избрана за најуспешна во конкуренција на голем број литературни творби на ученици од целата земја. Ученичката Антониа Цветаноска и претходно е добитник на повеќе државни награди за литературни творби.

барт4

 

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани