Ветрот ќе донесе студено време и врнежи од снег

Јануари 17, 2018

Засилен ветер, со брзина над 70 киломери на час, во текот на попладнево, ќе донесе промена на времето и пад на температурите. Поради брз продор на студена воздушна маса, проследена со северен ветер, врнежите од дожд попладнево, ќе преминат во врнежи од снег во вечерните часови, особено во северните и западните подрачја.

Температурата во Битола, во текот на денешниот ден ќе се движи до минимални 5 дстепни до 15 степени, но веќе во четврток ќе биде студено со засилен северозападен ветер и мимимална температра од -4 до 3 степени целзиусов. Во петок метеоролозите најавуваат пад на температурата до -8 степени.

Времето ќе биде неповолно за метеоропатите. Денеска во попладневните часови се очекува честа појава на главоболки, болки во колената, на грбот и вратни болки. Исто така можна е и појава на општа слабост. Во вечерните часови болките ќе се подолготрајни.

Слична биометеоролошка прогноза УХМР најавува и за утре.

FB IMG 1516187767409 1

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани