Webp.net gifmaker

Одбележана 119 годишнината од матурирањето на Мустафа Кемал Ататурк во Воената Идадија во Битола

Март 13, 2018

Претставници на генералштабoвите на армиите на Република Македонија и Република Турција, воени кадети од Турција, амбасадорот и конзулот на Република Турција, претставници на здруженија за македонско-турско пријателство и на јавниот живот во Битола, ја одбележаа годишнината од дипломирањето на основачот на модерната Република Турција, големиот лидер Мустафа Кемал Ататурк. Годинешната прослава беше фокусирана на историската и безвременска мисла на Ататурк „Мир во земјата, мир во светот“, која според Мухамет Рацај, заменик началник на генералштабот на Република Македонија е со универзална вредност.

-Битола, Воената Гимназија и државникот Ататурк се мостовите на пријателство кои денес во нашето современо живеење Република Македонија и Република Турција ги одржуваат и надградуваат. Пријателските односи меѓу двете држави се отсликуваат и преку соработката на двете армии и оружените сили, а добиените донации и овозможените обуки за припадниците на АРМ се само еден сегмент од нераскинливата поврзаност меѓу двете држави. Пораката што Кемал Ататурк ја искажа пред едно столетие „Мир во земјата, мир во светот“ има универзална вредност и станува безвременска и неограничена, нагласи Рацај.

Амбасадорката на Република Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара, потенцираше  дека Битола, како конзулски и мултиетнички град е позитивен пример за соживот и разбирање на Балканскиот полуостров. Таа се заблагодари на Владата на Република Македонија како и на македонскиот народ за грижата кон културното наследство од Османлискиот период, како и за овозможувањето секоја година, во Република Македонија да се одржуваат манифестации поврзани со историјата на Република Турција и Мустафа Кемал Ататурк.

ambasadorka

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани