2win800x200

Битолската полиција со препораки за граѓаните за Први мај

Април 30, 2018

Во интерес на безбедноста на сите граѓани а по повод претстојниот празник, 1 ви Мај-Денот на трудот, Секторот за внатрешни работи Битола, упатува  совети и препораки:

  • По повод претстојниот празник, апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со посебен акцент на конзумирањето на алкохол, приспособување на брзината спрема условите и состојбата на патот како и воздржување од предизвикување на разни облици на нарушување на јаввниот ред и мир.

-Воедно би сакале да Ве информираме дека во текот на празникот но и по него, како би се одржала безбедноста на сите граѓани на задоволително ниво, од наша страна ќе се преземаат акциски контроли во поглед на санкционирање на сторителите на прекршоци и кривични дела , пишува во соопштението на СВР- Битола

  • Обезбедете го Вашиот дом и  Вашите скапоцени предмети. Не чувајте пари, накит и други вредни работи во Вашиот дом. Користете ги услугите на банките-картички, штедни книшки, банкарски сефови и слично.
  • Внимавајте на Вашето моторно возило-не оставајте вредни предмети на видливо место и при секое напуштање на истото-заклучувајте го.
  • Внимателно користење на социјалните мрежи како и објавувањето на слики и места каде сте во моментот, со што им укажувате на останатите дека моментално не сте дома а со тоа станувате лесен плен за кражба.
  • Доколку станете жртва на ваквиот вид на криминал-веднаш пријавете во Полиција. Додека не дојде Полицијата, не допирајте ништо-и не дозволувајте никој да влезе во Вашиот дом. По доаѓањето на Полицијата-дадете им примерок од вредните предмети а воедно и известете ги за вредните работи кои Ви се украдени.
  • Внимавајте на Вашиот паричник. Паричникот во задниот џеб- предизвикува !
  • Пред напуштање на Вашиот дом а посебно на подолг временски период, проверете и исклучете ги куќните апарати или предмети кои можат да предизвикаат пожар.
  • Да не се пали оган на отворен простор и на необезбедени места, меѓи, пасишта и други површини. Да не се фрлаат отпушоци, стаклени шишиња и друга стаклена амбалажа и отпад. Доколку се забележи пожар-веднаш да се извести Центарот за управување со кризи или локалната противпожарна единица.

 

    Секторот за внатрешни работи Битола, на сите граѓани им го честита  празникот 1 Мај-Ден на трудот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани